Екипата на Џенова ја оствари втората победа во последните три меча во Серија А, овој пат славеше со 1:0 против Калјари. Човек на одлука беше Матија Дестро во десеттата минута од натпреварот.
Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, во игра влезе во 62. минута и тоа токму на местото на стрелецот на голот, Дестро.
За разлика од Пандев, Елиф Елмас кој исто така влезе во игра во второто полувреме, на крајот доживеа убедлив пораз од Верона од 3:1.
Наполи фантастично го започна натпреварот, поведе уште во првата минута со голот на Ирвин Лозано, но потоа прими дури три гола и доживеа пораз. Димарко во 34. минута израмни на 1:1, а во второто полувреме Верона дојде до победата благодарение на головите на Барак и Закањи. Елмас во игра влезе во самиот финиш, во 83. минута на местото на Пјотр Зиелински.
Актуелниот шампион Јувентус експресно се рехабилитира за поразот од Интер минатата недела и со 2:0 ја совлада Болоња. Стрелци на голвоите беа Артур во 15. и Меккени во 71. минута.