„Моменталната позиција на Бугарија во однос на РС Македонија е токму таква каква што треба да биде. Таа треба да остане иста, се додека тие не направат тоа што е потребно за да ја промениме нашата позиција“, изјави лидерот на партијата Има таков народ Слави Трифонов во ексклузивно интервју за Бугарската национална телевизија, пренесува Трибуна.
„Топката е кај нив, бидејќи долго време топката беше кај нас и ние долго време им ја подававме… Од наша страна тие имаа еден прекрасен однос како кон браќа, како кон дел од самите нас, без да мислам на историјата и што како било. Еднаш сум бил во Македонија и пред бугарската амбасада имаше еден натпис: „Умрете Бугари“! Добро штом е така…“, изјави лидерот на Има таков народ Слави Трифонов.