Власта спроведува историска имама на пензионерите. Со последната одлука за зголемување од само за 1.000 денари, пензионерите се оштетени не еднаш, туку двапати – во септември 2025, и уште еднаш во март 2026, истакна Јована Тренчевска од СДСМ.
Со вакво линеарно зголемување од 1.000 денари, Владата, додава таа, го укинува правичното законско усогласување, со што пензиите ќе се зголемат многу повеќе.
„Механизмот што го донесе СДСМ да ги штити пензиите од инфлација и раст на трошоците за живот ќе значеше зголемување на сите пензии за 5% во септември и уште 5% во март, со сегашното ниво на трошоци и плати.
Сега, 92,5% од сите пензионери – над 318.000 луѓе – се оштетени и ќе добијат помали пензии отколку што реално им следува и заслужиле. Некои помали дури и за 2.000 денари, некои помали и за 4.000 денари.
Ете толку им краде владата на пензионерите во септември и март.
Само 7,5% ќе добијат некаква корист, и тоа – помалку од тоа што им следува и го заслужиле“.
Ова, како што оценува таа, не е „повисока пензија“, туку е системска измама и пресметан грабеж.
Според неа, погрешните политики на Владата на Мицкоски се рецепт за сиромаштија на пензионерите.
„Инфлацијата во земјата изнесува 4,5% – што директно го јаде животниот стандард на пензионерите. Трошоците за живот пораснаа за над 6.000 денари годишно.
А дефицитот на ПИОМ фондот надминува 47% и секојдневно расте. Ова е сериозен аларм и загрозување на исплатата на пензиите во иднина.
Луѓето кои целиот живот го посветивте на работа, на земјата, на општеството не заслужувата ваков однос од сопствената власт“.
Не смееме да дозволиме, истакнува Тренчевска, оние што ги изградиле училиштата, болниците, патиштата, фабриките, денес да живеат со страв од сметки, со скратена пензија, со чувство дека се заборавени.
Пензинерите, како што вели, не бараат милостина, им следува она што со години, со труд и одрекување, го заслужиле./ Макфакс