Актуелниот американски претседател Доналд Трамп вршел притисок врз изборни службеници од Џорџија „да најдат доволно гласови” за да се избегне неговиот изборен пораз во таа држава.
„Вашингтон пост” објави делови од аудио снимка од вчерашниот телефонски разговор во кој Трамп се обидел да пласира неосновани тврдења за изборни нерегуларности.
Весникот објави делови од едночасовниот разговор помеѓу Трамп и државниот секретар на Џорџија, републиканецот Бред Рафенспергер. во кои тој му ласка, го моли, но и му се заканува ако не му помогне да го сврти својот изборен пораз од новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.
Ниту Белата куќа, ниту кабинетот на Рафенспергер, ниту преодниот кабинет на Џо Бајден не ги коментираа наводите на Вашингтон пост досега.