Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски, во изјава за медиумите порача дека резултатите од првиот изборен круг покажале јасно опозициско расположение меѓу граѓаните и желба за промени.
„Граѓаните испратија порака дека се уморни од застојот, ароганцијата и самоволието на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Трајановски, повикувајќи на масовно гласање во вториот круг на 2 ноември.
Тој нагласи дека сега е моментот незадоволството да се претвори во одлучна волја за промена и ги повика сите граѓани, без оглед на партиска припадност, да се обединат за подобра иднина.
„Да го покажеме нашето единство, нашата решеност и нашата верба во подобра иднина. Аеродром заслужува општина која ќе се развива транспарентно, со вистински проекти и грижа за секој жител“, порача Трајановски, додавајќи дека резултатите од првиот круг веќе покажале дека промените се возможни.























