По разорните земјотреси во Туркије, тимот на Дирекцијата за заштита и спасување на Северна Македонија беше ангажиран во операции за пребарување и спасување во Туркије, поточно во градот Адијаман, околу десет дена. Членовите на тимот веќе се вратија во земјата.
Заменик-директорот на Дирекцијата за заштита и спасување на Северна Македонија, Зулфикар Зејнула, во изјава за Анадолу ги раскажа нивните доживувања и работа на терен.
Тој рече дека во рамки на разговорите со Турската амбасада во Скопје, тим составен од 38 лица заедно со 13 целосно опремени возила заминале за Туркије, каде што најпрвин отишле во Адана и од каде се префрлиле во Адијаман за операции за пребарување и спасување.
Целата сторија на Аагенција Анадолу