Тејлор Свифт подготви уште едно музичко изненадување за своите обожаватели објавувајќи нова верзија на нејзиниот хит „The Fate of Ophelia“.

Новиот ремикс, потпишан од дуото „Loud Luxury“, пристигнува малку повеќе од еден месец по објавувањето на нејзиниот албум „The Life of a Showgirl“. Луѓето се воодушевени од новата верзија, а бројот на коментари под видеото на YouTube постојано расте.

„Предобро“, „Ја слушам на ‘репит’“ и „Ја обожавам“, се само дел од пофалбите.

 

Во меѓувреме, оригиналната верзија на песната „The Fate of Ophelia“ продолжува да доминира на музичките топ листи, обележувајќи ја својата четврта последователна недела на првото место на топ листата „Hot 100“ минатата недела. Нејзиниот албум „The Life of a Showgirl“ исто така цврсто се држи на врвот, откако помина четири недели на првото место на топ листата „Billboard 200“.

За што е песната?
Тејлор пее за млада жена од високото општество која, под огромен притисок од патријархалниот свет, се заљубува и е уништена од него. Нејзиното семејство ѝ наредува да го заборави мажот што го сака, а нејзините емоции се користат против неа. Нејзиниот живот е доминиран од мажи кои се обидуваат да ја контролираат, а таа наоѓа сила пеејќи за својот гнев, дури и кога ја нарекуваат луда.

Текстот (Видео) Тејлор Свифт објави ремикс на хитот „The Fate of Ophelia“ е превземен од МАКФАКС.