Трагичар денеска беше Мартин Брајтвајт, Данецот во осмата минута од пенал шутираше покрај стативата, како клучен момент на натпреварот против Еибар.
Барселона на домашен терен одигра само 1:1 на својот „Камп Ноу“ против екипата на Еибар која извлече важен бод во битката за опстанок.
На овој дуел за домаќините не настапи првата ѕвезда Лионел Меси кој доби продолжен одмор во неговата Аргентина. Гостите дојдоа во предност од 57 минута преку Кике, а десет минути подоцна израмни Дембеле.
На табелата Еибар е на 14 позиција со 16 бодови, додека играчите на Куман се на шестата позиција со 25 бодови.
Претходно во рамките од 16 коло во најсилното шпанско првенство составот на Севиља триумфираше над Виљареал (2:0).