Двајцата насилници кои предизвикаа инциденти во познатиот скопски локал „Трибека“ добија 30 дневен притвор откако тоа го побара Јавното обвинителство.
Искршен инвентар, повредени неколку лица е билансот по синоќешните инциденти во познат скопски ресторан. МВР приведе две лица на возраст од 20 и 27 години кои биле во физичка пресметка со две други лица на возраст од 28 и 19 години.
Настанот веднаш бил пријавен во МВР, а дел од насилниците се дале во бегство, по што полицијата ги фатила и уапсила.