Лозарите од Кавадарци, револтирани од ниската цена на откупот на грозјето доцна попладнето одлучија со тракторите нивната берба да ја истурат пред капијата на компанијата Тиквеш. Доцна синоќа воедно ја срушија и оградата на компанијата. Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа апелираше синоќа на смирување на страстите и дека откупот ќе продолжи денеска. Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев исто така рече дека ситуацијата синоќа била тензична и дека потребно е работите да се средат, а на лозарите да им биде откупено грозјето.
Се огласи и компанијата Тиквеш која порача дека откупот бил прекинат поради тоа што дел од лозарите манипулирале со квалитетот на грозјето.