Ричард Меклереј, својот син Џим го видел пред 57 години, додека тој се уште бил бебе. Откако неговата мајка го дала на посвојување, тој ја изгубил секоја трага од детето…
Кога веќе пораснал, Џими се обидел да ги пронајде своите биолошки родители, но тоа со години не му одело од рака, а потоа судбината ги замешала прстите. Ричард и Џим се сретнале сосема случајно. Тие низ најобичен разговор сфатиле дека всушност постои можност тие да се татко и син, па одлучиле да направат ДНК анализа која потврдила дека сомнежите се оправдани.
Иако со години живееле на одалеченост од само половина час, животот ги спои дури 5 децении подоцна.
Погледнете ја нивната прва средба откако официјално дознале дека се татко и син: