„Бугарските институции од 30 години не доставиле податоци на своите северноатлански партнери во однос на нашите сонародници во РС Македонија. Во моментот таму врви тивка анти-кампања против Бугарите, поврзана со пописот што претстои. Ако тие кажат дека се Бугари ќе бидат гонети по судски пат. Еве како недостатокот на официјална позиција од страна на нашата држава води до дезорганизација на нашите сонародници во РС Македонија“, изјави во емисијата „Денот On air“, доцент Спас Ташев од Бугарската академија на науките.
Спас Ташев е поранешен директор на Бугарскиот културен центар во Скопје.