Падот на ДУИ ќе почне од Кичево тврди Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијасна на Албанците во интервју за порталот zoom.mk најавувајќи победа на опозицијата на есенските локални избори.
„Нервозната реакција на ДУИ по најавата за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ e затоа што знаат дека нивниот пад ќе оочне од Кичево“, вели Таравари и додава дека за Кичево партијата уште нема изградено став дали ќе има свој кандидат или ќе поддржи некој од опозициските кандидати.
Во врска со договорот за изборна соработка со опозициската ВМРО-ДПМНЕ Таравари вели дека на таков потег биле принудени поради изборната коалиција на СДСМ и ДУИ.
„На овој шаховски потег на ДУИ и СДСМ моравме да одговориме со контрапоtег“, тврди Таравари.
Според него, гласањето со фингерпринт ќе одземе до 20 илјади гласови на ДУИ затоа што повеќе нема да можат да полнат кутии по селата.
Во интервјуто Таравари збори и за најважните реализирани проекти и постигнати резултати во четригодишниот мандат, но и за неостварените ветувања.
„Изградивме 80 километри каналиозации, 40 километри водоводи и 30 километри асфалтирани патишта“, вели Таравари додавајќи дека за следниот мандат нема да ветува јавен транспорт затоа што идејата е неостварлива.