Далај Лама се извини откако се појави видео на кое се гледа како духовниот водач бакнува дете во уста, а потоа бара од него „да му го цица јазикот“ на настан во северна Индија.
Why is the Dalai Lama fondling this young boy and asking him to “suck his tongue”? pic.twitter.com/cZWHfbgTAd
— Stew Peters (@realstewpeters) April 9, 2023
Во соопштението од понеделникот, канцеларијата на Далај Лама рече дека „сака да им се извини на момчето и неговото семејство, како и на неговите многубројни пријатели ширум светот, за повредата што може да ја предизвикаат неговите зборови“, додавајќи дека „жали“ за инцидент.
„Неговата Светост често ги задева луѓето што ги среќава на невин и разигран начин, дури и јавно и пред камерите“, се вели во соопштението.
Неговото извинување доаѓа откако видеото, што се случи за време на настан во градот Дарамшала во февруари, стана вирално на социјалните мрежи со многу корисници кои ги критикуваа постапките на Далај Лама.