Пред Владата беше организирана церемонија за официјален пречек по што следува тет-а-тет средбата на премиерите Зоран Заев и Курти.
Според агендата, предвидени се и билатерални средби на министрите од владите на двете земји.
Заедничката седница на владите ќе се одржи веднаш по средбите на премиерите и министрите и на неа, според најавите, ќе бидат потпишани повеќе меморандуми и договори за соработка од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот безбедноста, иноваци и технолошки развој.
Во завршницата на овој настан, премиерите Заев и Курти во 13:30 часот ќе одржат прес-конференција.