Откако го легнала наземи, мечката со заби го фатила за левата слабина, го држела кратко, а потоа избегала.

Така останал здрвен некое време, па се освестил, сведочи 76-годишниот Минче Рамчески од селото Пласница кој вчера беше нападнат од мечка на потегот помеѓу селото Пласница и Ораоец, во рамки на Општина Македонски Брод.

Во разговорот со директорот на ЦУК, 76-годишниот жител на селото Пласница вели дека досега никогаш не видел мечка во неговото село. По нападот од дивото животно, вели дека е многу исплашен.