Експлозии во магацин на фабриката „Слобода“ во Чачак, Србија. Според последните информации од тамошните медиуми, екслплозиите се повторувале на секои половина час.

За среќа нема повредени, сите вработени кои што биле во тој момент на своите работни места, а ги имало 60 биле брзо евакуирани. Вкупно 45 пожарникари со неколку возила учествувале во гаснењето на пожарот. Биле евакуирани и дел од жителите во непосредна близина на фабриката.

Инаку, станува збор за фабрика која се занимава со производство на топовски гранати.