Ако се погледнат активностите на Венко Филипче и Али Ахмети и кога беа на власт а и сега, заеднички им се две работи, криминални шеми и негрижа за граѓаните, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче стана препознатлив по случајот кога изгоре модуларната болница во Тетово, несреќите како онаа во Бугарија и онаа кај Ласкарци. Несреќи во кои поради неодговорноста и пропуста на Филипче загинаа 75 лица. Али Ахмети пак освен криминални шеми нема ништо позади себе. Тука се случаите со внук му Дрин Ахмети, како купување на трговскиот центар Соравија, концесијата добиена од државната ЕСМ за ископ на варовник и многу други. Како и да е пред десеттина дена, Филипче возеше до Мала Речица да се види со Ахмети, за што зборувале секој го кажа своето, ама ете во петокот излегоа координирани нивните пратеници и гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот и нивните животи“, рече тој.

Тоа замислете, додаде Стојаноски, координирани за системот безбеден град, поточно за последниот закон кој овозможува негово ставање во функција од први февруари.

„Да, координирани со ист став за систем којшто ги штити граѓаните, нивната безбедност и животот во сообраќајот. Истите тие здружено молчеа на оваа тема седум години, не направија ништо“, рече тој.

Текстот (Видео) Стојаноски: Заеднички именител за Филипче и Ахмети е криминалот, сега во опозиција се здружени е превземен од МАКФАКС.