На вчерашната трка Јован Стојоски забележа нов државен рекорд на Македонија на трката на 200 метри во сала.
Нашиот атлетичар на јубилејниот 10-ти по ред „Новогодишен митинг“ во Белград (Србија) во организација на Атлетскиот клуб Црвена звезда имаше резултат 21.97 секунди.
Воедно Стојоски на ова натпреварувањето го освои и златниот медал, пред Милош Радојковиќ, Лука Радојичиќ и Стефан Михајлов.
Уште еднаш покажува Македонецот дека е во врвна форма, како одлична најава за наредните предизвици..
На видео записот можете да го погледнете неговиот настап во Белград: