Стефан Чолаковски го постигна својот прв гол за екипата на Мелбурн Сити.
Македонецот кој е роден во Австралија од мали нозе го следеше секој натпревар на Мелбурн Сити, а сега го постигна и првиот гол во професионалната кариера токму за овој тим.
Чолаковски натпреварот го започна на клупата, а во 81. минута доби шанса за игра која одлично ја искористи и во самиот крај на натпреварот постигна гол и ги постави конечните 6:0 за својот тим.
