Безбедносните камери на аеродромот во Рим пред неколку месеци забележаа кражба која никој не очекува дека може да се случи среде безбедносната проверка на патниците.

И додека чека да ја помине безбедносната контрола, зад него се појавува нов патник, човек во бела кошула кој го заобиколува. Откако тој  ја поминува контролата пред жртвата, лабаво ги зема ковертите со пари и продолжува да се движи.

Но, полицијата го уапси пред да влезе во авионот за Русија, додека парите, кои на ограбениот човек му биле потребни за лекување, му се вратени.