Србите кои тргнаа на годишен одмор најдоа начин како да се искулираат додека чекаат да помине гужва на границата и ова е хит, пишува белградскиот портал Ноизз.
-Деновиве има огромен метеж на границите, особено кон некои морски дестинации каде Србите одат на одмор. Една од најпосетуваните локации е Грција, но сега до неа поспоро се доаѓа затоа што има бесконечни колони пред секоја граница.
Така, се чекаше и на границата со Северна Македонија по неколку часа, а снаодливите Срби смислија како да го убијат времето без да се крчкаат во автомобил.
@buudaa19♬ original sound – Bogdan Budimir
Еден TикТокер објави ситуација на граница каде може да се видат неколку мажи како играат фудбал среде метеж од автомобили.
– Ова може да ни се случи само на нас. Но, за разлика од минатата година, кога најмногу се расправаа кој смее да помине, ова е многу поубава слика, е еден од коментарите на социјалните мрежи.
Видеото брзо стана вирално и многумина ги пофалија дури и граничарите кои не ги потераа момците во автомобилите, бидејќи ретко каде е дозволено да стоите надвор од превозот на граничните премини.
– Не е ова попусто најважната споредна работа во животот. Еве што друго би можеле да правите освен да играте фудбал. Браво момци, стои во коментарите.