Српскиот министер за одбрана, Братислав Бата Гашиќ, поранешен директор на БИА (српската УДБА), во ова видео тврди дека Кајмакчалан е српска земја. Ова тој го изјави во присуство на Иван Стоиљковиќ, вицепремиер во владата на Мицкоски.

Паралелно, членката на српската влада Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, на истиот врв, повика „пораката да се слушне од Кајмакчалан: Србија живее, трае и ќе трае додека постои единството на нашиот народ“, под слоган „Знамето на единството“.

Видеото погледнете го овде.