Средношколците од трета година од кавадаречката гимназија во Франција туркаат автобус за да тргне, објави Телма.  Оваа видео се споделува на социјалните мрежи и се коментира од страна на револтираните родители, кои своите деца ги испратиле на екскурзија во Италија и Франција.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев за Телма вели дека случајот ќе биде пријавен до надлежните институции, бидејќи учениците се најмалку одговорни за да туркаат автобуст и да стартираат мотор.