Во четвртокот МЗТ Скопје Аеродром славеше против ТФТ со 91:78 во заостанат натпревар од четвртото коло во Првата македонска лига.

Најдобар кај „металците“ во новата победа сезонава беше репрезентативецот Дамјан Стојановски со 30 поени.

Аеродромци денеска објавија соопштение во кое се изразува нивниот револт на начинот на кој судиската тројка го водеше овој меч:

– Убедливо најголема судиска кражба во историјата на македонската кошарка. Ваков беше описот на еминентен кошаркарски работник, чие име разбирливо не го соопштуваме, за делењето на (не)правдата на мечот на МЗТ Скопје Аеродром против ТФТ, со кој не само што се согласуваме туку и велиме дека не станува збор за незнаење, туку за очигледна тенденција и намера да се оштети нашиот клуб.

Пресметката со дебитантот ја добивме убедливо, но тоа нема да не спречи да го изнесеме нашиот револт на начинот на кој судиската тројка се обиде да изврши класична егзекуција врз МЗТ Скопје Аеродром. Како ние да бевме тим кој допрва се пробива на кошаркарската мапа, а ТФТ, кому му честитаме на силниот отпор, седумкратен шампион и синоним за макбаскетот на европско ниво. Забелешки на судењето и тоа големи, за кардинални грешки во клучните моменти кои го решија победникот, имавме и за средбата со Пелистер, но тогаш не излеговме јавно да протестираме, за да не се сфати како своевидно „плачење“ по поразот.

Но, тоа што се случуваше во четвртокот беше срамно, перфидно, калкулантски и со намера да се нанесе штета на нашиот клуб, на што нема да молчиме. Повеќе ТУКА