Оваа фризура можете многу брзо и едноставно да ја направите сами, а ефектот е фантастичен…

Во време на пандемијата на коронавирусот стана сосема јасно дека одењето во козметичките и фризерските салони претставува ризик, но и еден вид на луксуз кога станува збор за финансиската страна.

Но, подобрата страна на пандемијата е во тоа што се појавија безброј туторијали како да ја стилизираме својата коса, како професионалци, но во својот дом.

Денес ви претставуваме еден туторијал за многу ефектна и шик фризура, која делува моќно и атрактивно, а се прави буквално во три потега.

Совршена е за летните денови, а во исто време е многу женствена и практична.

Се што ви е потребно е една марама и 30 секунди време.

Погледнете…