Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи сообраќајна несреќа.
Според информацијата од МВР, пријавена е незгода меѓу патничко возило марка ‘хјундаи‘ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.М., и пешак О.Д. (51) од Скопје.
„Пешакот О.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар за укажување на помош“, соопшти МВР.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: Принтскрин
Текстот (Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: Пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз – Тито“ е превземен од МАКФАКС.























