„Со тебе најдов среќа“ е новата песна на прерано починатиот македонски пејач Влатко Илиевски, која беше промовирана по иницијатива на неговиот татко Драган Илиевски – Вршац.

Неговиот татко исто така најава и дека во тек е обработка на еден цел албум со песни кои досега никогаш не биле објавени, а ги отпеал неговиот син Влатко.

Најава за тој албум е токму песната „Со тебе најдов среќа“, која беше промовирана на 7-ми февруари, а видео записот, монтиран од Дејан Таневски, е објавен на фан страната на Фејсбук на Влатко.

Да се потсетиме, Влатко Илиевски почина на 6 јули 2018, на 33-годишна возраст.