По силниот земјотрес што ја погоди Туркије и Сирија, помош пристигнува од сите страни. Сепак, една фотографија на солидарност привлече најголемо внимание, а тоа е стар автомобил полн со работи кои биле складирани за да им помогнат на настраданите во Туркије.

Сервер Беширли го наполнил својот стар автомобил со работи од неговата трошна куќа во Баку и се упатил кон Туркије, заедно со неговиот брат помошник Имамверди Беширли и Аскер Мамедов. Тoj за ТВ Иктимаи изјави:

„И ние ја доживеавме оваа катастрофа. Имаше жени без облека и чевли. И ние го доживеавме тој период, го знаеме тоа чувство. Не помогнавме само ние, туку и другите Азербејџанци, дури и оние кои живеат во други земји. Бев сведок на еден ситуација кога дојде една девојка и го соблече палтото и го даде во хуманитарни цели. Секако дека помошта не е ниту голема ниту мала. Во наредните денови велат дека ќе испратат помош во храна за братската земја“, рече тој.


Превземено Цивил Медиа