Силна снежна бура низ градовите во САД предизвика голем број проблеми во копнениот и воздушниот сообраќај.

Видео од масовна и исклучително застрашувачка несреќа на повеќе возила во Индијана, САД, се шири на социјалните мрежи, а властите ги предупредуваат граѓаните да не патуваат освен во итни случаи.

Поради силна снежна бура и проблеми со софтверот низ САД, пријавени се 1.815 доцнења на дојдовни и појдовни летови, додека откажани се 490 летови, објави синоќа американската мултинационална компанија која обезбедува податоци за следење на летовите во реално време, Flight Hour.

Најмногу доцнења и откажувања имало на аеродромите во Чикаго, Њујорк, Бостон, Минеаполис и Детроит, објавува CBS.

Авиокомпаниите, исто така, пријавија прекини во распоредот на летовите во текот на викендот откако Федералната администрација за авијација (FAA) им нареди на илјадници авиони Airbus A320 низ целиот свет да го ажурираат својот софтвер.

Националната метеоролошка служба издаде серија предупредувања и совети за зимска бура, со прогнози од Монтана до Охајо.

До саботата навечер, повеќе од 1.400 летови беа откажани на аеродромите во Чикаго, каде што се очекуваше зимската бура да нанесе дури 25 сантиметри снег, а аеродромите во Детроит имаа повеќе од 300 одложувања на летови и десетици откажувања додека бурата се движеше низ областа.

Фото: ЕПА

Текстот (Видео) Снежна бура во Америка: откажани бројни летови, масивен верижен судир на возила во Индијана е превземен од МАКФАКС.