Селекцијата на Словенија забележа убедлива победа над Јапонија на кошаркарскиот олимписки турнир со 116:81. Најефикасен секако беше НБА ѕвездата Лука Дончиќ со 25 поени, а Драгиќ, кој исто така игра во најсилната американска лига постигна еден поен помалку. Сепак, најдобар на мечот беше Хашимура со 34 поени, 7 скокови и 3 асистенции.
Следниот меч за Словенија ќе биде најсериозен досега, дуел со Шпанија во борба за првото место во групата.