Бесен слон синоќа предизвика хаос и ги нападна посетителите на годишниот фестивал во индиската држава Керала. Во нападот се повредени најмалку 17 лица, од кои едно е во критична состојба, јави НДТВ.
Како што соопштија, инцидентот се случил на фестивалот Путијангади во близина на џамија во областа Малапурам. На објавената снимка се гледаат пет слонови украсени со златни украси кои учествуваат на фестивалот, додека гостите на настанот се обидуваат да ги фотографираат животните.
Elephant fell during vows in Tirur, Malappuram, south India,injured around 15 people. One’s condition is critical. pic.twitter.com/7DbaHBLWhS
— Sarahh (@Sarahhuniverse) January 8, 2025
Во еден момент, еден од слоновите станува немирен и одеднаш се нафрла кон толпата, додека неговиот чувар се обидува да ја смири ситуацијата. Слонот потоа го зграпчи човекот и почна да го тресе. Мажот поради здобиените повреди бил пренесен во болница.
Според извештајот на NDTV, повеќето од повредите на посетителите на фестивалот се случиле за време на стампедото. Неколку локални жители се обиделе да ги смират слоновите со синџири. Сепак, му беа потребни два часа на животното целосно да се смири.
An elephant lost control during the annual offering at BP Angadi Mosque in Tirur, Malappuram, Kerala.
24 people injured, one is critical.
Vc: @ians_india pic.twitter.com/rncr9I3yvl— Vije (@vijeshetty) January 8, 2025
Според NDTV, претходно беше објавено дека слон нападнал човек во Индија и го згазил до смрт. Во моментот на нападот, починатиот излегол надвор за да се олесни.