Илјадници луѓе се собраа во Сиднеј и другите австралиски градови во знак на протест против рестриктивните мерки воведени поради зголемиот број новозаразени. Полицијата уапси неколку лица откако демонстрантите ги пробија бариерите и фрлаа пластични шишиња и други предмети кон полицијата.
Во Сиднеј демонстрантите, без маски на лицата, прошетаа од паркот Викторија до градското собрание во центарот, носејќи пароли на кои пишуваше Слобода и Вистина. Забележливо е големото присуство на полицијата и припадниците на специјалните единици, бидејќи надлежните велат дека станува збор за незаконски протести.
И во Мелбурн илјадници луѓе без маски излегоа во центарот на градот и извикуваа слобода. Австралијците сметаат дека не станува збор за вирус, туку целосна контрола на владата врз народот.
Протестите доаѓаат по одлуката на властите да ги вратат рестриктивните мерки, меѓу кои и карантин поради наглото зголемување на бројот на инфицирани, пред се со новиот Делта сој.
Well this sucks: anti-lockdown protesters from all over Sydney have staged a mass gathering in the Inner West. View few masks in sight, but plenty of COVID conspiracy t-shirts pic.twitter.com/4xEvR8olXN
— Zac Crellin (@zacrellin) July 24, 2021
Long-standing feelings about fire-twirling confirmed. https://t.co/XzrWmVrcjo
— Louise Milligan (@Milliganreports) July 24, 2021