Португалија остана без победа на гостувањето кај Србија. Мечот заврши 2:2, а главни виновници се судиите. Не “видоа” очигледен гол на Кристијано Роналдо во последните секунди од продолжението на мечот. Згора на тоа доби и жолт картон поради бурната реакција, но со право реагираше така бидејќи сите видоа дека е гол освен судиите. Роналдо воедно бесен го напушти стадионот, а потоа на социјалните мрежи напиша дека е нанесена штета на целата португалска нација.
Инаку мечот беше доста интересен и возбудлив. Португалија водеше со 2:0 со головите на Жота во 11-та и 36-та минута. Сепак Србија преку Митровиќ и Костиќ израмни на 2:2. Но, јасно дека на овој меч Португалија е оштетена од судиите.
Целата ситуација погледнете ја на следниот ЛИНК.