Исмаилов и Минеев во еден момент се најдоа во октагонот само за да ја промовираат нивната борба, но по неколку размени на зборови во кои меѓусебно се обвинуваа за кукавичлак, се одлучија да ги употребат и рацете.
Голем скандал ја одбележа „AMC Fight Nights Global“ приредбата која се одржа во Москва и тоа благодарение на Магомед Исмаилов и Владимир Минеев, ММА борци кои воопшто не требаше да се борат.
Имено, Исмаилов и Минеев во еден момент се најдоа во октагонот само за да го промовираат својот реванш, но по неколку размени на тешки зборови во кои меѓусебно се обвнинуваа за кукавичлак, одлучија од зборови да поминат да дела.
Двајцата борци се степаа во октагонот, а во хаосот учествуваа и членовите на нивните тимови.
Руските медиуми објавија дека инцидентот е смирен со интервенција на полицијата, и притоа објавија дека двајцата борци добиле ќотек и од навивачите.
Исмаилов и Минеев веќе имаа една борба, тоа се случи во 2018 година и дуелот заврши без победник.