Фантастичен старт на сезоната на Интер, во која ќе ја брани шампионската титула. Славеше на домашен терен со 4:0 против Џенова и македонскиот фудбалер Горан Пандев. Шкриниар, а потоа новото засилување Чалханоглу со убав гол, Артуро Видал и уште едно ново засилување Един Џеко беа стрелци на головите. Во текот на целиот меч Интер беше доминантен, целосно ја надигра Џенова.

Пред оваа сезона сите го отпишаа Интер во Италија, со оглед на тоа дека заминаа Антонио Конте, Ромелу Лукаку, Ашраф Хакими, но иако е прв меч и иако Џенова не е мерило, сепак доколку вака продолжи да игра тогаш новиот тренер Симоне Инзаги може да се надева на висок пласман, а зошто да не и одбрана на титулата.

Инаку, македонскиот фудбалер Горан Пандев го одигра целиот меч, но не успеа да постигне гол или да создаде посериозна шанса.

Серие А, 1 коло.

Сабота:

Интер – Џенова 4:0

Верона – Сасуоло 2:3

Вечерва

Емполи – Лацио

Торино – Аталанта

Недела:

Болоња – Салернитана

Удинезе – Јувентус

Рома – Фиорентина

Наполи – Венеција

Понеделник:

Каљари – Специја

Сампдорија – Милан