Голем инцидент го одбележа натпреварот помеѓу Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм во германската Бундеслига.

Во центарот на вниманието се најде синот на легендарниот француски фудбалер Лилијан Турам, Маркус кој по една вербална расправија го плукна во лицето Стефан Пош. Маркус Турам веднаш доби црвен картон за својот потег, и се очекува да добие поголема казна и од Германската фудбалска федерација.

Целиот случај пред ТВ камерите го прокоментира претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге кој изнесе интересна теза.
– Јас би се запрашал што би се случило доколку беше обратно, доколку Пош го плукнеше Турам? Тогаш сите ќе зборуваа за расизам – изјави Румениге.

Натпреварот заврши со победа на Хофенхајм, а Турам по средбата му се извини на Пош за неспортскиот потег.