Канадската пејачка Клер Елис Буше, попозната како Грајмс, денеска го критикуваше својот поранешен партнер, Илон Маск, затоа што го одвел нивниот четиригодишен син на прес-конференција во Овалната соба.

Грајмс рече дека дознала за инцидентот преку социјалните мрежи, додавајќи дека „не требало да биде така во очите на јавноста“, според „Скај њуз“.

Додека одговараше на прашања на новинарите во врска со неговата позиција на чело на Одделот за владина ефикасност, Маск го носеше синот на рамениците, а потоа застана до него и до американскиот претседател Доналд Трамп.

Момчето освен што го чепкаше носот, ги имитираше движењата на татко му, го фати и за ногата, пренесува медиумот.

– Се извинувам за ова. Тешко е да уживам во ова кога син ми ги пика прстите во моите уши – рекол Маск додека го држел синот на рамениците.

За сето ова проговорила и поранешната сопруга на Маск, Грајмс, мајката на момчето.

– Не треба да бидете вака во јавност. Ова не го видов, но мило ми е што беше љубезен“, напишала таа.

За време на конференцијата, Трамп го пофалил момчето, велејќи дека тој е „одлично момче“ со „висок коефициент на интелигенција“.