Ќе се насмеете сигурно, а можеби и ќе се растажите…

Звучи речиси неверојатно дека апратите со средства за дезинфекција пред една година главно можевме да ги видиме само во здравствените установи..

Сепак, нашата „нова нормалност“ подразбира овие апарати денес да се речиси на секој чекор, па дури и во продавниците, трговските центри, во зградите, во јавните установи, на местата за рекреација…. а повеќето од нас веќе несвесно пристапуваат до средството за дезинфекција и ги тријат рацете со него.

Како сето тоа го доживуваат малечките кои светот околу себе го запознаваат во 2020 и 2021 година? За нив тоа за жал е сосема нормално.

Извесна Кејти Лајтфур е мајка на едногодишното девојче кое пораснало за време на пандемијата и кое верува дека се што личи на апаратче за средство за дезинфекција всушност е тоа. Неговата мајка ги снимила малите и смешни авантури на својата ќерка во потрага по вистинското апаратче за дезинфекција на рацете и го споделила….

Многумина коментираа дека е симпатично, но всушност и многу тажно…