Македонија одново има свој претставник во најсилното натпреварување на Стариот континент – Евролигата. Во јуниорското издание Теодор Симиќ почна да го презентира сиот свој потенцијал низ натпреварите.
Во Валенсија стартуваше првиот квалификациски турнир за кошаркари „Под 18“ за пласман на завршниот турнир. Теодор Симиќ и неговата Барселона, стигнаа до две победи во групната фаза, со кои веќе го обезбедија местото во големото финале.
Во првиот меч на турнирот, Барселона по голема борба го победи германскиот Улм Ратиофарм со резултат (59:50). Меч во кој младиот Македонец одигра 11:44 минути, и притоа дојде до ефект од шест поени (3/5 за два и 0/1 за три поени), три скока и една загубена топка.
Уште поубедливо делуваше каталонскиот гигант во дуелот со уште еден шпански претставник – Гран Канарија, забележа висока победа од 85:47.
Со уште подобра игра на нашиот репрезентативец кој запиша 15:55 минути поминати на паркетот, воедно 10 поени (0/2 за три, 4/7 за два, и 2/5 за еден поен), осум скока, како и по една асистенција, освоена и загубена топка.
Во третиот круг од натпреварите Барселона ќе игра против францускиот Нантер. Без оглед на исходот на овој меч, каталонците ќе играат во финалето на турнирот. По првиот круг во групата „Б“, победи обезбедија екипите на Уникаха од Малада и Хувентуд од Бадалона кои беа подобри од Валенсија, односно Асвел од Вилербан.