Охрид попладнево беше под удар на краткотрајно, меѓутоа силно невреме кое предизвика материјални штети на неколку објекти. Под налет на силниот ветар е откорнат покрив на зграда, а како последица на тоа, како што пренесува ohridnews.com, се оштетени неколку автомобили и куќи.

Причинетите штетисе сериозни, велат охриѓани. Улиците биле преполни со вода, а пријавени се оштетувања и на кабелски инсталации, столбови и дрвја.