Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтер беше регистриран во централниот дел на Грција, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија.

Како што јави дописничката МИА од Атина, епицентарот бил во близина на грчкиот град Лариса, а се почувствувал во централниот и северниот дел на земјата.

Земјотресот се почувствувал и во југозападниот регион од нашата земја, но и во Скопје.

Според Европскиот макросеизмички центар, земјотресот бил со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала и со епицентар на длабочина од 10 километри.