Силен земјотрес од 6,9 степени според Рихтер го погоди Еквадор. Епицентарот бил во Гвајас, а се почувствувал и во соседна Колумбија. Според првичните информации, досега се потврдени шест жртви, меѓу нив и дете.

Катастрофален земјотрес го погоди Еквадор во 2016 година, со јачина од 7,8 степени. Тогаш загинаа скоро 700 луѓе, а повеќе од 16.600 беа повредени. Во Турција и Сирија во февруари загинаа над 54.000 луѓе.