Реплика на Статуата на слободата во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникот поради силни ветрови.

Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, објави дека нема повредени во инцидентот.

Тој изјави дека градските служби, во соработка со членовите на државната цивилна заштита, веднаш го обезбедиле подрачјето и ги спровеле потребните истраги.

Бразилската агенција за цивилна заштита објави дека налетите на ветерот надминале 90 километри на час, додека предупредувањата се на сила низ целиот регион поради неповолни временски услови.

Фото: депозитфотос

Текстот (Видео) Силен ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил е превземен од МАКФАКС.