Пожарот кој вчера беснееше над селото Галичник е целосно изгаснат. Утрово просторот бил надлетуван со два армиски хеликоптери, кои немале потреба да интервенираат. Но, сепак се на готовност, како што велат од Центарот за управување со кризи.
За среќа куќите се безбедни, но за жал шумата над Галичник е пеплосана.