Постои една убава изрека: Тие кои знаат – не зборуваат, а тие кои зборуваат – не знаат.Јас сум горд што по 40 години во Скопје повторно се градат нови мостови кои плански и стратешки ќе го поврзат градот и ќе го растеретат сообраќајот, вели во својот коментар актуелниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов во врска со дадената изјава на независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Даниела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ  која кажа дека оној кој го прави овој проект треба да знае што значи градење на мост.

-Градење на мост навистина не е едноставен потфат. Но, ако проектот го водат луѓе кои знаат што е тоа што му треба на Скопје и како најдобро да се изведе, кој било мост ќе се изгради онака како што треба и во рекорден рок.