Тенисот е индивидуален спорт каде блискиот контакт е одалечен. Како федерација успеавме со пишување на одредени протоколи и уште од средината на мај добивме зелено светло од владата и продолживме со тренажниот процес. Во средината од јули можевме и турнири да организираме. Така што оваа година тенисот може да се пофали дека се реализирани 58 турнири, изјави во Утрински брифинг, Горан Шевченко, државен селектор при тениската федерација.

-На влезот во секој клуб прва работа која се прави е термален скрининг. Доколку се случи учесниците да имаат покачена темпрература истите се враќаат. Секаде има средства за дезинфекција, а она што е карактеристично е дека играчите после завршување на активноста одма си заминуваат дома без користење на гардеробите, вели Шевченко и додава дека не верува дека во наредните година до две животот ќе се врати онаков каков што беше порано.

-Имаме јуниори кои покажуваат дека се врвни во Европа. Она што фали е индивидуалниот пристап кон тенисерите. Доколку се направи убава програма каде ќе знаеме дека се потребни средства за тренерот, квалитетен тренажен процес и се создаде тим кој ќе работи со тој играч, верувам дека ќе се дојде до ниво на АТП И ВТА турнири, вели Шевченко.

Целиот разговор погледнете го во видеото: