Доцна синоќа и официјално започна новата сезона во најсилната лига на светот, НБА, а актуелниот шампион Лос Анџелес лејкерс во првиот натпревар загуби во градското дерби.

Лос Анџелес клиперс беа подобри од „езерџиите“ со резултат 116:109, во победничките редови се истакна Пол Џорџ со 33 поени, додаде шест скока, а на спротивната страна Леброн Џејмс запиша 22 поени, четири помалку Ентони Дејвис.

Интересен е податокот кој вели дека и минатата сезона Лејкерси стартуваа со пораз токму од градските ривали, па на крајот ја освоија шампионската титула.

Во вториот меч Бруклин беше убедлив над Голден стејт (125:99), Кевин Дурент имаше одличен „кам-бек“ после пропуштената сезона поради повреда. Постигна 22 поени, поефикасен беше само Кајри Ирвинг (26).

За „воините“ Стеф Кари беше прв стрелец со „дабл-дабл“ учинок од 20 поени и 10 асистенции, додека дебитантот Џејмс Вајзмен забележа19 поени. Во составот на Вориорси недостасуваа две важни имиња, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин.

НБА, резултати –

Бруклин нетс-Голден стејт вориорс 125:99
Лос Анџелес лејкерс-Лос Анџелес клиперс 109:116