Севиља победи на домашниот шампионат, откако во единствениот натпревар во Примера на рутински начин славеше над Елче, со резултат од 2-0 (1-0).

Ен Незири им донесе предност на домаќините во 43. минута, а победата ја потврди Васкез во 89. минута од натпреварот.

Екипата од Андалузија има 54 бодови на четвртата позиција, а пред неа се Реал Мадрид со 57, Барселона со 59 и Атлетико Мадрид со 63 бода.