Четвртата регионална турнеја на Северина, „The Magic Tour“ заврши отприлика ова време минатата година, со идеја за нејзино продолжување и на почетокот на 2020 година.

Сепак, неприликите што го погодија целиот свет, а особено музичката индустрија, го оневозможија тоа, а турнејата на Северина остана запамтена како последниот регионален концертен спектакл.

Симболично, тој повеќепати наградуван спектакл, еден од најемотивните концерти на Северина синоќа беше прикажан во дел од регионот – во Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска, а и гледачите во Македонија имаа можност да го проследат уште еднаш овој концерт.

Со паралелно присуство на дури четири регионални телевизии со национална концесија, Северина е единствениот изведувач на овие простори на кого му успеало тоа во поновата историја.